Чоколаден колач со вкус на портокал – Кулинарски хит за кој не ви е потребно ниту брашно, ни шеќер
Овој неверојатен десерт се прави многу лесно, поради што не ви се потребни никакви кулинарски вештини, а ни доаѓа од Јужна Америка. Погледнете во продолжение што ви е потребно, за да уште денес ги воодушевите вашите најмили со истиот!
Чоколаден колач со портокал
Овој неверојатен десерт се прави многу лесно, поради што не ви се потребни никакви кулинарски вештини, а ни доаѓа од Јужна Америка. Погледнете во продолжение што ви е потребно, за да уште денес ги воодушевите вашите најмили со истиот!
Servings: 4
Ingredients
- 4 јајца
- 2 портокали
- 200 гр ореви или бадеми или лешници или кокос
- 100 гр црно чоколадо
- 200 мл неутрална павлака за готвење
Instructions
- Најпрво, потопете ги портокалите во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа, варете ги околу половина час додека не омекнат. Добро сомелете ги во блендер, додајте ги јајцата и оревите, претходно сомелен и малку сода бикарбона. Печете на 200°C околу 20 минути.
- Поставете ја неутралната павлака да се вари и додадете чоколадо во истата додека не се стопи. Прелијте ја готовата смеса врз изладениот колач. Пред да сервирате, поставете го на кратко во ладилникот.