Чоколаден ролат со величествен вкус – Само ги мешате состојките, премачкувате со фил и го поставувате во ладилникот
Нема ништо подобро од вкусен изладен десерт во топлите денови кои ни доаѓаат, а овој бисквитен ролат, кој е исклучително лесен за правење, е идеален избор со величествен сладок вкус!
Чоколаден ролат
Нема ништо подобро од вкусен изладен десерт во топлите денови кои ни доаѓаат, а овој бисквитен ролат, кој е исклучително лесен за правење, е идеален избор со величествен сладок вкус!
Servings: 4
Ingredients
- 300 гр бисквити
- 110 мл пресно млеко
- 50 гр темно чоколадо
- 100 гр путер
- 200 гр маскарпоне
- 110 гр шеќер во прав
- 100 гр кокос
Instructions
- Искршете или сомелете ги бисквитите и полејте ги со 80 млпресно млеко. Растопете го чоколадото на водена пареа и измешајте го собиксвитното тесто.
- Во длабок сад, добро измешајте ги путерот, шеќерот воправ, маскарпонето и преостанатото количество на пресно млеко, до добивање наедна соединета смеса. Додадете кокос (одделете малку за декорацијата) иповторно измешајте ја смесата.
- Во соодветен сад, поставете хартија за печење и воистиот, исипете го бисквитното тесто. Со раце или лажица оформете го тестото,кое треба да биде еднакво насекаде во однос на дебелината.
- Премачкајте го со фил и внимателно завиткајте го ролатот,заедно со хартијата. Поставете го во ладилникот на 5 часа, за да добро сезатегне.
- На крај, извадете го од ладилникот, отстранете ја хартијатаи по желба, декорирајте го ролатот со кокос.