Човечката суровост и глупавост се причината за згаснатиот живот на ова маче
Спокојниот долг живот на 13-годишното маче заврши трагично поради глупавост на еден многу суров човек.
Мачката по име Мигели живеела прекрасен живот со својата сопственичка Сина Канз, во близина на француската граница Биел-Бенкен, во Швајцарија, но минатата Среда, на 18-ти Мај, при една вообичаена прошетка на мачката околку куќата, Мигели била пресретната од злобен напаѓач.
Само што се вратила дома, сопственичката Сина забележала дека нејзиниот миленик бил прекриен со чудна жолта течност.
„Целото нејзино тело, особено лицето беше испрскано со водоотпорен спреј во жолта боја.“- вели Сина.
Канз се обидела да направи се што е во нејзина можност, за да ја спаси својата долгогодишна крзнена пријателка, но за жал, три дена по нападот, Мигели починала.
Напаѓачот сè уште не е фатен, но истиот веќе извесен период е баран од страна на полицијата, бидејќи измачувал и други животни во околината.
Семејството Канз смета дека нивната мачка Мигели била лесна цел за напаѓачот, бидејќи била стара и не можела толку лесно да избега, ниту пак да се одбрани.