Чудесен режим на исхрана – Секој ден симнувате по 1 кг и до крајот на работната недела ќе имате минус 5 кг!
Диетата која денес ја подготвивме за вас е уникатна сама по себе, бидејќи вклучува разни билки кои придонесуваат за моќно, брзо и ефикасно слабеење. Видовите на храна кои се предложени се комбинираат со билките.
Билки за слабеење
На листата на билки за слабеење, кои се препорачуваат за оваа диета, спаѓаат сите оние кои се од голема корист за нашето здравје: Невен, камилица, шипка, зелен чај и жолт кантарион.
Прв ден: Зелен чај и ориз
Слично како и кај многу диети, така и кај оваа чудесна диета, првиот ден е наменет за прочистување на организамот. За оваа цел, сварете 200 гр ориз и поделете го на 5-6 порции. Порциите треба да ги консумирате во текот на денот и притоа да пиете зелен чај.
Зелениот чај ја елиминира стомачната подуеност и вишокот на сол, а оризот помага за побрзо апсорбирање на чајот и забрзување на метаболизамот.
Втор ден: Невен и урда
Вториот ден е втор начин за прочистување на организамот од токсини и зајакнување на мускулниот тонус. Чајот од невен измешајте го со нискомаслено млеко, а добиената смеса че има чудесен ефект врз вашата цревна флора.
Поделете половина килограм урда на 5-6 порции и слично на оризот, консумирајте ја во текот на целиот ден, притоа со секоја порција, пијте и од растворот со невен.
Трет ден: Камилица со мед и овесни снегулки
Научно е докажано дека хормонот кортизол, кои се произведува за време на стрес, влијае врз телесната тежина. Чајот од камилица има смирувачки ефект, кој го нормализира нервниот систем. Пијте го чајот со мед, кој содржи вистинско богатство на витамини.
Консумирајте 250 грама овес на ден, кој важи за една од најздравите видови на храна и најдобриот сојузник во борбата против вишокот килограми.
Четврт ден: Жолт кантарион со каша од хелда
Жолтиот кантарион е корисен за сите и важи за супер ефикасно средство за подобрување на метаболизамот. Тој исто така го намалува апетитот – главниот непријател за време на држењето на диетите.
Кашата од хелда е најдиеталната каша, па затоа често може да се сретне во повеќето диетални менија. Сварете 200-300 гр за целиот ден и поделете ја во 5-6 порции.
Додадете и парче лимон кон чајот.
Петти ден: Шипки и јаболка
Чајот од шипки моќно ги согорува наталожените масни наслаги и значително го намалува чувството на глад. Јаболката го зголемуваат нивото на киселост во стомакот, при што како нискокалорична храна, веднаш даваат резултати на слабеење.
Со 1 килограм јаболка и 5 шолји чај од шипка ќе бидете полесни за неколку килограми минус.
По завршувањето на диетата, направете пауза од неколку недели или 1 месец, пред да ја повторите, доколку имате потреба од тоа.