Чудесна домашна паста за лесно отстранување на забен камен – Нанесувате од неа и тој сам паѓа!
За да се спречи образувањето на забниот камен, неопходно е редовно да ги чистиме забите со природни средства. Ако забниот камен веќе се појавил, тогаш еве како лесно да го отстраните!
Домашна паста за лесно отстранување на забен камен
Потребни состојки
- 1 супена лажица сода бикарбона
- Половина кафена лажица сол
- 2 супени лажици топла вода
- 1 супена лажица хидроген
- Антисептик
- Чаша
- Конец за заби
- Четка за заби
Начин на подготовка и употреба
Најпрво измешајте ја содата со солта, а потоа потопете ја четката за заби најпрво во топла вода, а потоа во добиената смеса и нанесете ја на забите. Оставете ја смесата да отстои 5 минути, а потоа исплакнете ги забите со топла вода.
Потоа измешајте хидроген со 2 супени лажици топла вода и со смесата исплакнете ја устата за 1 минута, а потоа исплакнете ја со ладна вода. Следно, употребете го конецот за заби, со цел подобро да го отстраните забниот камен.
На крај од третманот, исплакнете ја устата со антисептик. Повторувајте го третманот секој втор ден.