Чудесна супа која целосно ќе го прочисти вашиот организам од токсини, за само 3 дена
Доколку сакате да го прочистите вашето тело од токсини, тогаш потребно е тоа да го направите внимателно, преку правилниот избор на храна. Наместо да практикувате диети со сомнителен ефект, пробајте го следниот чудесен начин.
Станува збор за прочистување на организамот со т.н „детокс“ супи, кои покрај тоа што ефикасно и целосно ќе го прочистат вашето тело до сите штетни материи, истовремено ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем и ќе ја подобрат апсорпцијата на хранливите материи, со обновување на дигестивниот систем.
За овој моќен третман на прочистување нема да ви бидат потребни месеци, ниту години, туку едноставни 3 дена, а се состои во приготвувањето на 2 вкусни супи.
Супа од моркови и ѓумбир
Потребни состојки
- 500 гр моркови
- 1 кромид
- 1 супена лажица ѓумбир
- 700 мл пилешка супа
- 100 гр кисела павлака
- 3 супени лажици масло за готвење
- Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
Начин на подготовка
Исечете го кромидот и изрендајте го ѓумбирот. Поставете ги овие две состојки во масло за готвење да се пржат 5-7 минути. Исечете ги морковите и додадете ги кон ѓумбирот и кромидот.
Следно исипете ја пилешката супа во претходната смеса и поставете ја смесата да се вари. Почекајте истата да зоврие, а потоа оставете ја да се приготвува на тивок оган.
Отстранете ја супата од оганот, кога морковите ќе омекнат. Употребете блендер за целосно пасирање на супата, а потоа додадете ја и киселата павлака, како и солта и мелениот црн пипер, во количество по ваша желба.
Добиената смеса поставете ја да се вари дополнителни 5 минути.
Пријатен апетит!