Чудесна супа за прочистување на телото од токсини, која го забрзува процесот на слабеење
Според врвните нутриционисти, бројни диети не се успешни, бидејќи му причинуваат повеќе штета на телото отколку добро, па затоа секогаш е неоходно со голема внимателност да ја избереме исхраната.
Денес наместо диета, ви претставуваме чудесен рецепт за вкусна домашна супа која се смета за една од најдобрите природни средства за прочистување на телото од токсини. Воедно, благодарение на истата ќе успеете многу побрзо и многу полесно да се ослободите од вишокот килограми, доколу здравата супа редовно се наоѓа на вашето секојдневно мени.
Домашна супа за здрав организам и витка линија
Потребни состојки
- 1 супена лажица зејтин
- 1 кромид
- 750 мл вода
- 1 чешне лук
- 500 гр брокули
- 1 страк рукола
- Сол и мелен црн пипер по вкус
Начин на подготовка
Изгмечете ги кромидот и лукот. Одделно разделете ги издатоците на брокулата и темелно измијте ги. Земете сад и во истиот налејте го зејтинот. Почекајте маслото да се загрее, а потоа додадете ги лукот и кромидот во садот. Гответе ги состојките додека да се појави карактеристичната арома. Следно, додадете ги брокулите и гответе додека да добијат темно зелена боја.
Додадете вода во тавата и почекајте да зоврие. Додадете и сол и мелен црн пипер по ваш вкус. Покријте го садот со капак и варете ја супата 8-10 минути. Кога супата ќе биде готова, исипете ја во блендер и додадете ја исечената рукола. Добро измешајте ги состојките до добивање на една соединета смеса.
На крај, супата може да ја декорирата со малку павлка за готвење, по желба.