Со овој чудесен мелем стареењето веќе не е толку ужасна работа од која повеќето се плашат.

Дали ве болат нозете и дали го чувствувате вашето тело тешко? Дали ви се случува да си легнете и следното утро да се разбудите со грчеви во нозете и зглобовите? Дали имате потешкотии при пешачење на подолго растојание?

Следниот природен и домашен рецепт ефикасно ги лекува сите болки во грбот, вратот и зглобовите на целото тело. По само 1-2 дена од неговата употреба, веќе ќе можете да го почувствувате ублажувањето и олеснувањето на болката.

Мелемот успешно се справува со артритис, артроза, остеходнроза и бројни други слични заболувања, а еве како да го приготвивте:

Потребни состојки

  • 10 мл (5%) јодна тинктура
  • 10 мл (1 шише) камфоров шпирт
  • 300 гр ракија
  • 10 таблети аналгин
  • Шише со темно стакло

Начин на подготовка

Сомелете го аналгинот до добивање на прав. Потоа истиот додадете го во шишето. Следно, наполнете го шишето најпрво со камфоровиот шпирт, а веднаш потоа додадете го и алкохолот и јодната тинктура.

Добро затворете го шишето и оставете ја течноста да отстои на темно место, 21 ден.

Начин на употреба

По поминатиот потребен временски рок, мелемот ќе биде готов за користење, а истиот може да го нанесете пред спиење, на местата од вашето тело каде ја чувствувате болката. По неговото нанесување, завиткајте го местото со волнена крпа или шал и оставете така да отстои преку целата ноќ.

Следното утро повторно може да нанесете од мелемот и притоа со благо масирање, да ги опуштите болните места.

Се препорачува третманот да се практикува во период од 10 дена, а потоа да направите пауза од 5 дена.

Доколку е неопходно, повторете го третманот дополнителни 10 дена.