Чоколадна торта брз брашно, путер и шеќер – „Не верував дека е возможно, но има неверојатен вкус!“
Денес ви откриваме златен и супер лесен рецепт за чоколадна торта, за која нема да ви биде потребно ниту брашно, ниту путер ни шеќер. Нејзината подготовка ќе ви одземе неверојатно малку време, а на нејзиниот извонреден вкус ќе останете без зборови!
Чоколадна торта без брашно, шеќер и путер
Денес ви откриваме златен и супер лесен рецепт за чоколадна торта, за која нема да ви биде потребно ниту брашно, ниту путер ни шеќер. Нејзината подготовка ќе ви одземе неверојатно малку време, а на нејзиниот извонреден вкус ќе останете без зборови!
Servings: 4
Ingredients
- 300 гр темно чоколадо
- 6 јајца
- 10 гр какао во прав
- 2 прстофати сол
- 400 гр крем сирење
- 200 мл павлака
- 50 гр ф'стаци или други јаткасти плодови по ваш вкус
Instructions
- Одделете ги белките од жолчките. Измешајте ги жолчките со прстофат сол до добивање соединета смеса. Додадете го и какаото и добро измешајте ги состојките.
- Растопете 150 гр чоколадо и додадете го кон смесата со жолчките и добро измешајте до добивање мазна смеса.
- Изматете ги белките со прстофат сол до добивање цврста пена. Внимателно исипете ја добиената смеса во чоколадната смеса.
- Покријте соодветен сад со хартија за печење и подеднакво распоредете го тестото. Поставете да се пече 10 минути во загреана рерна на 180°C. Оставете го пандишпанот да се излади, а потоа исечете ги неговите краеви.
- Отстранете ја хартијата за печење и исечете го пандишпанот на 4 еднакви правоаголници.
- Сега пригответе го кремот. Изматете ја павлаката со крем сирењето, до добивање на мека соединета смеса.
- Растопете го преостанатото чоколадо, додадете малку павлака кон истото и измешајте до добивање соединета смеса. Потоа додадете ја чоколадната смеса во кремастата смеса и добро измешајте.
- Последен чекор е оформувањето на тортата. Со помош на готварски шприц, нанесете од филот врз првиот пандишпан и нанесете од сомелените ф'стаци. Повторете ја постапката 3 пати. Поставете ја тортата во ладилникот да отстои 1 час.