Човек исчезнува откако безбедносните камери покажуваат како влегува во станот, но никогаш не излегува
Полицијата во Сан Франциско започна потрага по 50-годишен маж кој исчезнал откако влегол во неговиот стан во областа Мисија.
Снимките од камерите за видео надзор, направени од ходникот во станбената зграда на 8 Јануари, го прикажуваат Крис Воител како влегува од влезната врата кон неговиот стан додека држи шише вино.
Семејството на Воител рече дека разговарале со него следниот ден, но оттогаш не се слушнале со него и нема снимки како тој ја напушта зградата.
Познато е дека 50-годишникот често ја посетувал областа Емеривил и градот Сонора во подножјето на Сиера, но неговата сестра, Лара Хабен, за KPIX 5 News изјави дека нема ни трага ни глас од него.
Таа истакна дека не е типично за Воител да исчезне, велејќи: „Немало никаква активност. Тој не бил во неговиот стан. Нема активност на неговата сметка во банка. Ние сме многу вознемирени.’’
Загриженото семејство поднесе пријава за исчезнато лице до полицијата во Сан Франциско на 13 Јануари, а истражителите го пронајдоа станот празен, без знаци на насилство и ланецот на влезната врата сè уште на место.
Семејството, исто така, ангажирало приватен детектив за да направи свое истражување. Детективот заклучил дека во исчезнувањето учествувал познаник на Воител.
Двете сестри и братот на Воител долетаа во Сан Франциско од Чикаго за да помогнат во потрагата, а Петокот, на 12 Февруари, тие го поминаа делејќи постери за исчезнати лица во близина на неговата зграда.
Членовите на семејството, исто така, забележале дека Воител се однесуваал „чудно и параноично“ во деновите пред неговото исчезнување, наводно, пишувајќи необични објави на Фејсбук, опседнувајќи се со немирите во Капитол на 6 Јануари во Вашингтон, барајќи пари за да го замени изгубениот телефон и зборујќи за бегство на планина.
Пријатели на Воител, кои поседуваат имот во планините, му кажале на семејството дека не го виделе.
Неговиот брат, Френк Воител, прокоментира: „Нема поминато ден без да се прашувам:‘ Што се случи? Каде е тој? ”