Чудесен диетален напиток со чија помош може да изгубите и до 10 цм во обемот
Слабеењето и вишокот килограми се вечна акутелна тема кај милион дами ширум светот. Без разлика дали барате рецепт за слабеење на долгорочен план или брзо и ефикасно слабеење пред некој важен настан, следниот златен и лесен рецепт е токму совршеното решение!
Чудесен диетален напиток со моќен ефект
Потребни состојки
- 2 л вода
- 1 краставица
- 1 лимон
- 1 кафена лажица ѓумбир
- 12 листови од нане
Начин на подготовка и употреба
Добро измијте го лимонот, без да го лупите, исечете го на кругови и поставете во 2 литри вода. Следно, излупете ја краставицата, исечете ја на кругови и исто така додадете ја во водата, а на крај додадете ги листовите од нане и ѓумбирот. Добро измешајте ги состојките заедно користејќи лажица и така оставете го напитокот да отстои преку ноќта во ладилникот.
Напитокот консумирајте го следниот ден, започнувајќи од утрото, а веќе за следниот ден подгответе нова доза. Со цел да ги добиете посакуваните резултати, редовно консумирајте го исклучиво само овој напиток со вашите оброци.