Дали би купиле “валкани” патики за 900 долари? Гучи смета дека ова е хит парче!
Италијанската модна куќа Гучи дефинитивно е најдобрата кога станува збор за чудни работи и отскокнување од топлата брендови. А со нивниот најнов концепт, зошто да ги валкате вашите чевли? Сега можете таков нов пар да си купите од продавница!
Машката линија Скринер на спортски патики со препознатливите тонови на бреднот, црвено и зелено, сега пристигнуваат во најново издание. Издание што некогаш било бело?
Како што може да се очекува, луксузниот бренд нема ниски цени, па така ниту за овој “луксузен” пар патики нема да има отстапки и истиот чини 870 долари.3
Моделот е инспириран од класичните патики од 70-те години, а покрај целиот изглед, производот доаѓа и со инструкции за чистење кои гласат вака: “Исчистете кога чевлите ќе бидат суви, користејќи средства во ист или неутрален тон”
Дали вие би одвоиле 900 долари за овие патики?