Дали ова е најдобриот трик на сите времиња? Мајка го споделува својот метод за отстранување на дамки, а потребни ви се само 3 работи
Мајка од Австралија доби илјадници позитивни коментари и заблагодарувања, откако на Интернет го сподели својот необичен трик за отстранување на дамките.
Зборувајќи во австралиската Фесјбук група „Мајки кои чистат“ на тема за дамките на тепихот, една жена открила како таа тепихот најпрво го прска со мешавина од оцет и вода, потоа става преку истите крпа и со пегла вклучена на највисоката температура, во времетраење од 15 секунди, поминува преку крпата, а потоа со кратко триење, дамката се отстранува.
„Една моја пријателка ми го предложи овој трик и не ми се веруваше, триков навистина функционира!“- напиша жената, притоа постирајќи ги доказите на дело со фотографии од пред и потоа.
Таа вели дека трикот совршено функционирал за сите теписи во нејзиниот дом, но дел од останатите жени не се согласиле.
„Овој трик ми го уништи тепихот“- додала една од жените. Но, потоа дел сугерирале дека препорачаните 15 секунди мора точно да се запазат и ниту секунда повеќе не смее да се поминува врз тепихот со пеглата.
Друга пак додадала, дека наместо вода и оцет, може да се користи сок од лимон и преку крпата да се помине со пегла на пареа, не со стандарните пегли.