Дали ова е најлудата рецензија?: Еве која е првата работа што оваа жена ја направила по сообраќајната несреќа
Тејран Елиз вчера имала сообраќајна несреќа со нејзиниот Мини Купер. А еве што прво направила младата девојка, која го засмеа цел свет.
Веднаш по несреќата, Елиз на нејзниот профил на социјалната мрежа Твитер споделила селфи фотографија од неа, поконкретно од карминот што го носела, бидејќи сакала да го пофали козметичкиот бренд Џефри Стар, откако карминот останал беспрекорно да стои на усните.
Нејзиниот кармин со нијанса “Крв од еднорог” (анг. Unicorn blood), воопшто не се размачкал во текот на сообраќајката и притоа само на воздушното перниче имало дамка од него, но била минимална.
Елиз на својот Твитер профил напишала:
“Ако некој се прашува колку е траен Џефри Стар карминот- Јас штотуку имав сообраќајна несреќа и има мали дамки на воздушното перниче, но моето лице и карминот се сосема во ред.”
Нејзиниот твит набрзо станал вирален хит, при што Елиз добила илјадници коментари, 63.000 допаѓања и 6.600 ретвитови. Сите коментирале како им е мило што таа е безбедна, но и дека е навистина луда и ги насмеала што во таков момент и текнало да даде рецензија на карминот.
А дури го испровоцирала и сопственикот на брендот, славниот шминкер и jутубер, Џефри Стар, да даде свој одговор, при на својот Твитер профил ја замоллил Елиз да му напише приватна порака за да тој лично и ја испрати и линијата на кармини познати како “Сина крв”.