Дали сте романтични, опасни или нешто друго? Дознајте каква жена сте, според вашиот месец на раѓање
Иако не е сосема објаснето како влијае тоа, сепак родените во еден ист месец, споделуваат слични особини. Тоа најмногу се однесува на дамите, а во продолжение пронајдете го вашиот месец и откријте дали тој ја претставува вистинската слика за вас.
1. Јануари
Јануарските жени се неверојатно амбициозни, но и доста сериозни и конзервативни. Тие можат да бидат многу критички настроени кон самите себе и кон останатите луѓе и не обожаваат да зборуваат за своите лични чувства.
2. Февруари
Родените во Февруари имаат романтичен карактер и во љубовта, како и во работата, со нив треба да имате многу трпеливост. Овие жени не може да ги разбере секој, а и постојано го менуваат своето расположение. Природата им ја подарила способноста да размислуваат апстрактно. И уште нешто: Доколку еднаш ја изневерите нивната доверба, веќе никогаш нема да ги видите.
3. Март
Уште ги нарекуваат мартовски мачиња, бидејќи имаат неверојатен шарм и харизма, со кои хипнотизираат. По природа се верни, а истовремено се и вистински вљубеници во својата работа. Тие можат да бидат неверојатно прекрасни, а да живеете со личност родена во Март- тоа е вистинска среќа.
4. Април
Во Април, по некое правило, се раѓаат жени кои лесно можат да се вклопат во секое друштво, бидејќи имаат квалитети како вистински дипломат. Но, покрај тоа, жените родени во Април се доста чувствителни и ранливи, при што доколку ја изневерите нивната доверба, најдобро е да не им излегувате пред очи. Априлската жена може да ве направи најсреќниот човек на светот, бидејќи тие за партнери ги избираат само оние на кои најмногу им веруваат.
5. Мај
Мај е месецот на жените во чија природа се принципите и манирите. Тие се многу привлечни, што пак, во комбинација со нивниот тежок карактер, ги прави вистинска романтична „опасност“ за секој, кој ќе се вљуби во нив. Доколку некогаш сретнете припадничка на овој месец, вие таа жена никогаш нема да ја заборавите, а не се ни обидувајте.
6. Jуни
Љубопитни, комуникативни и креативни- тоа се трите главни карактеристики на жените родени во овој летен месец. Единствениот мал проблем кај овие дами е што прво зборуваат, а потоа размислуваат. Но, токму поради тоа што ја кажуваат вистината во лице, а не оговараат зад грб, ги прави многу почитувани личности. Тие не можат да бидат ничија играчка и доколку се обидете да си поиграте со нив, брзо ќе ви го покажат местото.
7. Јули
Жените, кои ја имаат таа среќа својот роденден да го слават на средина од летото, по природа се многу чесни, исклучително атрактивни и интелигентни личности. Не ги сакаат конфликтите, но секогаш се на страна на правдата. За нив важно е да знаете дека доколку еднаш ги излажете, ќе ги изгубите засекогаш.
8. Август
Родените во Август во себе знаат да носат голем егоизам, но сепак, имаат огромно лавовско срце. Жените родени во овој месец имаат извонредно чувство за хумор, но не можат да го поднесат исмејувањето, ниту на нивна, ниту на сметка на некој друг. Каде и да отидат, тие секогаш се центарот на вниманието и светлината во просторијата. Во нивно присуство, мажите буквално го губат разумот.
9. Септември
Во овој месец се раѓаат, дисциплинирани, прекрасни и убави жени. Тие никогаш не им простуваат на оние кои ја изневериле нивната доверба. Ги претпочитаат долгите врски и ретко би се впуштиле во романса за една ноќ. Тие се жени со високи стандарди, кои многу вложуваат во љубовта и за да бидете нивен партнер, потребно е да биде исклучителна личност со големо достоинство.
10. Октомври
Жените родени во Октомври имаат силен карактер, голем ум, но и често се затворени во себе, односно не сакаат секому да ја отворат својата душа, бидејќи стравуваат да бидат изневерени и изиграни. Останатите жени често не ги сакаат дамите родени во Октомври, а најчестата причина е чистата љубомора.
11. Ноември
Овие жени секогаш се еден чекор пред останатите и точно знаат кога некој ги лаже. Да си поигрувате со нив е исто како да си играте со оган. Едно најважно нешто што треба да го знаете за дамите родени во овој месец е, не се впуштајте во врска со нив, доколку сте личност која не ја поднесува вистината, бидејќи тие токму такви ќе бидат во комуникацијата, отворени и искрени.
12. Декември
Дамите родени во Декември се нетрпеливи личност, но истовремено многу среќни. За нив често се вели дека секогаш ќе пронајдат начин како суви да излезат од водата. Тие секогаш ќе покажат огромна почит кон вас и лесно ќе ги засакате поради нивното големо и отворено срце. Умеат да се изборат со тешките ситуации и на крај, работите секогаш се како што тие сакаат.