Дали враќањето со поранешниот партнер е добра идеја? – Еве што велат љубовните експерти
Ја прекинавте врската, а сепак остана хемија и што е уште поважно, љубовта меѓу вас. Во главата често имате мисли за помирување, но секогаш има нешто што ве спречува да контактирате со вашиот поранешен партнер. Па така конечно си го поставувате прашањето.
Дали ќе ја обновите вашата врска, дали ќе се вратите заедно со поранешниот партнер?
Според љубовните експерти и брачни советници, вва не е толку лоша идеја затоа што таквата одлука не се носи „преку ноќ“. Поставете си неколку прашања и разгледајте ги следниве ситуации.
Најважно е да бидете сигурни дека можете да му верувате на вашиот поранешен партнер. Размислете дали претходно имало проблеми со довербата, а потоа разговарајте за истиот пред повторно да влезете во врската. Откако ќе разговарате за ова, како и за други несогласувања и проблеми што претходно ги имавте, оставете ги истите во минатото.
Почетокот нека биде свеж и позитивен. Не повторувајте ги оние грешки што доведоа до првичното прекинување. Ако не се согласувате за некои работи, а сепак можете да бидете заедно, не започнувајте дискусија за нив. Оставете секој од вас да има свое гледиште и не дозволувајте некои мали разлики да ве доведат до повторен конфликт и разделба.
Бидете сигурни да ја дефинирате врската. Дали е тоа нешто минливо, некоја авантура, страст или планирате сериозно овој пат. Не дозволувајте да се најдете со прашалници над вашата глава. Не би било лошо, пред да се вратите со вашиот поранешен партнер, да ги прашате пријателите и семејството што мислат за тоа. Имајте на ум дека тие гледаат на таа врска појасно и пообјективно затоа што не се директно обврзани со чувства за истата. На овој начин, ќе ви биде полесно кога треба да ја донесете таа важна одлука.
Сепак, доколку го немате клучното, а тоа е довербата во вашиот партнер и поради недостатокот на истата сте се разделиле, тогаш љубовните експерти советуваат дека враќањето назад во една таква дисфункционална врска нема да биде најпаметно и најдобро за самите вас.