Во психологијата се смета дека секоја боја има значење и одреден симбол. Што може да каже Вашата омилена боја за Вас? Еве неколку примери:

Црвена

Многу силна и емотивна боја. Боја на крвта и огнот. Со неа се поврзуваат опасноста и војната, но исто така, љубовта и страста.

Сина

Сината боја ни дава смиреност и затоа се смета за корисна за телото и душата. Таа се поврзува со смиреност, стабилност и длабочина. Симболизира доверба, лојалност, мудрост, вера и вистина.

Жолта

Симбол на надеж и среќа, таа носи радост и ентузијазам. Но покрај тоа, жолтата боја симболизира болест и љубомора.

Зелена

Бојата на природата. Таа симболизира раст, хармонија, свежина и плодност, а исто така безбедност и богатство.

Розова

Деликатна боја, која се поврзува со сласт, емоции и нежност. Многу често ја поврзуваат со бебиња и шеќерна волна. Розовата боја зборува за љубов кон себе и другите.

Портокалова

Микс на енергија и радост. Портокаловата боја се поврзува со ентузијазам, топлина и веселост.

Виолетова

Како комбинација од сина и црвена, виолетовата боја ја комбинира стабилноста и силата. Таа е асоцијација на благородништвото, лојалност, луксуз, моќ и амбиција. Исто така е симбол на богатство, екстравагантност, мудрост, достоинство, мир, гордост, независност и магија.

Кафеава

Бојата на дрвјата, почвата, безбедноста, на родниот дом, сигурноста и интегритетот.

Сива

Оваа боја се поврзува со загуби и депресија. Се смета дека е лишена од емоции, но заедно со тоа е формална, конзервативна и елегантна.

Црна

Црната се смета за недостаток на боја и се поврзува со страв, мистерија, авторитет, строгост, префинетост, а најмногу – со злото.

Бела

Белата боја значи леснотија, чистота, невиност, добрина, дисциплина, загриженост и други позитивни асоцијации.