Ниту една прослава или празник не може да помине без компири на трпезата, без разлика во која и варијанта да се приготвени. Но, дали сте пробале карамелизирани компири?

Токму данските комири се уникатна неодолива алтернатива и начин како да го зачиниме класичното готвење и да ја збогатиме нашата трпеза.

Дански компири

Потребни состојки

  • 1 кг компири
  • 130 гр шеќер
  • 25 гр путер

Начин на подготовка

Сварете ги компирите, без да ги лупите, при што на овој начин, зеленчукот нема да се распадне. Кога компирите целосно ќе се изладат, внимателно излупете ги со мал нож.

Поставете го шеќерот во голема тава и промешајте неколку пати, за да го распоредите истиот подеднакво на целата површина при дното на садот. Растопете го шеќерот на среден умерен оган, за да потемне, но внимавајте да не загори.

Додадете го путерот во тавата и држете го шеќерот неколку минути на оганот, додека непрекинато ја мешате целата смеса.

Зголемете го оганот и додадете ги компирите кон шеќерот. Добро измешајте ги состојките и оставете ја смесата да се готви 3-8 минути. Карамелата треба целосно да го покрива секој компир.

Пријатен апетит!