Многумина од нас, во одреден момент од животот, слушнале како дете кажува нешто што е тотално несоодветно, а сепак многу вистинито. Токму тоа им се случи на некои родители, кои не можеа да не се naсмеат на духовитоста на нивните деца и решија да ги споделат нивните „мудрости“.

Ние сакаме да знаеме како децата гледаат на животот сакаме да докажеме  дека невиноста е виситнски блаженство.

  • Ќерка ми го праша дедо ѝ: „Дедо како може косата на главата да ти паднала, ама уште имаш влакна на градите?“ Дедо ѝ е ќељав, но влакнест тип.

 

  • Син ми беше немирен и му кажав дека го изгубив трпението. Тој отиде во гардароберот и кога го прашав што прави ми кажа дека ми помага да го најдам трпението. По една минута излезе среќен затоа што го нашол.

 

  • Кога имаше 5 години син ми не сакаше да оди во градинка. Секое утро велеше дека не може да оди затоа што има болка во јајниците.

  • Ќерка ми гледаше „Том и Џери“ и ме праша дали и јас сум ги гледала како дете. Одговорив „да“, а нејзината реакција беше: „Леле значи многу се стари“.

 

  • Кога најмалиот син имаше 4 години бевме во продавница и тој виде човек со седа брада како пазари и кажа: „Мамо види! Дедо Мраз ослабел, ама добро е, сега е здрав“. Човекот се насмеа и си продолжи со пазарењето.

 

  • Еден ден мојот 5-годишен син изјави дека нема да се жени. Кога го прашав зошто тој одговори: Затоа што сопругот треба да оди да пазари со жената, да оди на кино со неа, да оди на забави, да ручаат заедно…нема да го можам се`  тоа“.

  • Мојата 4-годишна ќерка мислеше дека баба ѝ се топи затоа што има брчки.

 

  • Мојот син гледаше слики од мене додека бев бремена со него и ме праша: „Каде сум јас?“ Му одговорив: „Во стомакот“, по што тој праша: „Зошто си ме изела?“.