Дечко беше љубопитен за тоа како оди состанокот на неговиот цимер па побара од ТВ екипата да го провери
Шегувањето на интернет доби лоша репутација откако луѓето почнаа да се снимаат како им прават ужасни работи на своите пријатели со изговор: „тоа е само шега братче“.
Сепак, сè уште има добар вид шеги – оние што не штетат никому и секој се забавува во текот на тој процес.
Патем, неодамна се случи една таква безопасна, но прилично кул шега, каде што ова момче ги замоли камерманите на еден бејзбол натпревар да го снимат неговиот цимер, кој беше на љубовен состанок на тој стадион.
Одењето на бејзбол натпревар е одлична идеја за втор состанок, особено ако вашиот цимер импровизира безопасна шега по пат.
Креаторот на видео игри и бизнисмен Конор Бакли, познат како БакАрми, има цимер Метју, (MBoneHD), кој неодамна отиде на втор состанок со убавата дама по име Ема на бејзбол натпревар на Аризона Дијамантбекс против Мајами Марлинс.
Откако заврши со снимање на подкаст каде што се опијани (тоа е поентата на подкастот), Конор знаејќи дека неговиот пријател ќе биде на состанок на натпреварот што се емитува на телевизија, се смести да гледа, со помисла дека можеби ќе види како оди состанокот.
За негово разочарување сите камери ја снимаа само акцијата на теренот. Но Конор имаше план.. зошто да не стапи во контакт со луѓето што работат на стадионот „Дијамантбекс“ и да ги праша дали можат да ги зумираат камерите?
Конор на Твитер го означи профилот на стадионот Дијамантбекс, барајќи да го сторат горенаведеното.
За негово изненадување, доби одговор. Тие исто така беа многу заинтригирани да дознаат како оди состанокот на неговиот пријател.
Почнаа да поставуваат прашања каде да го побараат цимерот. Неколку твитови подоцна и по малку избезумено пребарување, наидоа на ќорсокак, тие за малку ќе се откажеа.
Но не и Конор, тој го повика својот пријател, ја доби точната локација без да го открие својот главен план и потрагата продолжи.
Неколку моменти подоцна, бинго, ги најдоа. По кратко прекинување, тие започнаа да твитаат како ги пронашле луѓето што се совпаѓаат со описот, и дека тие се смеат и гледаат во телефон. Тогаш тие го прикажаа прекрасниот пар на големото платно.
Конор подоцна сподели дека двајцата дознале за неговата импровизираната шега и дека тој сега „е во голема неволја“.
Непотребно е да се каже, ова го разубави денот на сите. Состанокот на Метју помина добро и пред да прашате, да, имаше трет состанок.