Дејвид Швимер потврди: „Пријатели“ повторно ќе се обединат
После долгогодишно „ќе сакаат или не“ и повеќемесечно одложување поради коронавирусот, обединувањето на Пријателите конечно треба да се снима.
Дејвид Швимер, кој го толкуваше Рос Гелер во хит-ситкомот „Пријатели“, откри дека ќе им се придружи на неговите поранешни ко-ѕвезди за да ја сними пoвторната средба „за нешто повеќе од еден месец“ за време на разговорот на Енди Коен.
Овој 54-годишник се појави во популарната радио-емисија на Коен за да го промовира Lookingglass Theatre Company 2021 gglassquerade unGALA.
„Дали снимавте некаде?“ праша Коен за претстојна средба на Пријателите.
„Всушност, за нешто повеќе од еден месец одам во ЛА“, одговори актерот. „Значи, конечно, мислам, најдовме начин како да снимаме безбедно и ќе има дел што ќе се снима надвор, бидејќи, знаете, безбедносни протоколи“.
Специјалниот настан се подготвува веќе подолго време. За прв пат зелено светло доби во Февруари 2020 година со датум за снимање, Март 2020 година.
Првично, обединувањето требаше да биде објавено во Мај 2020 година, како дел од лансирањето на HBO Max, но по пристигнувањето на пандемијата COVID-19, плановите за беа расипани.
HBO Max објави во Април минатата година дека шоуто нема да се снима навреме за да дебитира со лансирањето на стриминг сервисот и датумот беше поместен до Август 2020 година.
Како што беснееше пандемијата, тој датум беше напуштен и екипата ги разгледа можностите за снимање на пролет 2021 година.
Метју Пери на Твитер објави во Ноември дека снимањето официјално е презакажано за во Март, но дури и тој датум е одложен според изјавата од Швимер.