Деликатесна идеја како да направите супер брз и вкусен појадок
Доколку пред работното време немате многу време, а сакате да појадувате дома и на вистински начин, ова е идеалниот рецепт за вас. Едноставен, супер брз и премногу вкусен.
Јајце на “Бодега” начин со сендвич со кашкавал
Потребни состојки
- Изберете мафин или 2 парчиња леб по ваш избор
- 2 лажици путер или масло
- 1 јајце
- Сол и бибер
- 1 парче кашкавал или мала количина на изрендан кашкавал
- Мала количина исечкан праз, лук, сланина или било што по желба, што сакате да го има во јајцата.
Начина подготовка:
- Потпечете го лебот.
- Загрејте ја тавата на средна температура.
- Измешајте го јајцето со ½ лажица вода, малку сол и бибер и мешајте додека не се соедини добро.
- Стопете путер во тавата или малку ставете од маслото. Истурете ја сместата од јајцето и почекајте да се направи површина, како палачинка. Веднаш потоа додадете го изренданиот кашкавал и/или друг фил по желба.
- По 1 минута, јајцето ќе биде готово.
- Страната од јајцето што ви е поблиска преклопете ја врз кашкавалот, а истата постапката направете ја и со преостанатите 3 страни, така што ќе направите мал триаголник.
- Оставете го така преклопеното јаце со кашкавалот да се готви уште 30 секунди на средина од тавата.
- Готовата смеса само пренесете ја на тостираното парче леб, а одзгора додадете ја другата половина од мафинот или парчето леб, во зависност што сте избрале претходно за основа.
За крај, уживајте како вистински Њујорчанец во отмениот појадок, кој ви одзел само неколку минути!