Денес е Светски ден на аутизмот: 7-годишно аутистично момче не се одвојува од неговиот најверен пријател, кој му го „вратил“ говорот
Денес е Светски ден на аутизмот, а следната приказна за едно аутистично момче и неговиот најверен пријател ќе ви го затопли срцето и ќе ви го разубави денот.
Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст.
А порастот на ова нарушување зборува колку многу е потребно да се зголеми свеста кај луѓето во однос на аутистичните лица.
По повод Светскиот ден на аутизмот, денешниот ден ја краси една срцезатоплувачка приказна за 7-годишниот Алекс Дути и неговиот најдобар другар- лабрадор.
Кога Алекс имал 4 години, му бил дијагностициран аутизам и воедно страда од анксиозност, што за неговите родители, Ана и Адријан, било праткично невозможно да ја напуштат куќата.
Со цел животот на малиот Алекс да се олесни, како и да се подобри неговата ситуација, од Хуманитарното здружение за кучиња како поддршка, во Шефилд, аутистичното момче бил споен со лабрадорот Честер, при што неговите родители се надевале дека Честер ќе му го разубави животот на Алекс и тие ќе можат нормално да ги извршуваат обврските околу него и куќата.
Во утринската емисија “The morning”, мајката на Алекс објаснила како 4-годишниот лабрадор Честер му помогнал на малиот Алекс да си ја поврати говорната способност и притоа направил Алекс сега да се чувствува многу побезбедно кога излегува надвор.
“Алекс страда од анксиозност и кога и да излезевме надвор, тој беше привлечен кон опасностите како возови или морето, што со години обична прошетка надвор за нас претставуваше невозможна мисија. А сега со Честер се неразделиви и разликата во безбедноста е драстична. Лабрадорот е трениран и Алекс сега не може да биде во опасност.”– изјавила неговата мајка.
Гледачите веднаш потоа своето воодушевување од приказната го искажале на социјална мрежа Твитер, потенцирајќи дека ова е навистина една неверојатна и прекрасна приказна кога во најдобро светло ја слави неделата за подигање на свеста за аутизмот и го слави неговиот Светски ден, што е денес, 2-ри Април.
За нераскинливата врска Ана вели: “Честер воедно помогна перцепцијата на луѓето за нашиот син да се смени и сега откако се срушени предрасудите, тие знаат дека Алекс не е лошо дете.”
“Аутизмот не е видлива состојба, па Честер му помага на Алекс, но и на луѓето околу него побрзо да сфатат дека тоа е дете на кое му е потребна посебна помош”– додал неговиот татко.
Приказната навистина го слави Светскиот ден на аутизмот во најправилното светло, дека е потребно зголемување на свеста за аутистичните лица, притоа испраќајќи моќна порака дека и лицата со аутизам чувствуваат среќа, тага, љубов и болка, исто како и сите останати.