Депресија, ниска самодоверба, дебелеење, внатрешни топлотни бранови- виновник за сè е недостатокот на еден хормон. Еве како да го вратите истиот
Женското здравје е важна симбиоза од неколку фактори- возраста, грижата за себе, и последен, но најважен- хормонскиот баланс.
Секоја дама секогаш сака да изгледа привлечно и прекрасно, а содржината на хормони во телото игра основна и клучна улога по тоа прашање.
Еден од најважните женски хромони е естрогенот. Во принцип, тој се содржи и во машкото тело, но во многу помало количество и влијае врз здравјето и изгледот на мажите во значително малку ситуации, кога неговото присуство е вишок.
Основното влијание на естрогенот е насочено кон поттикнување и создавањето услови на плодност кај жените.
Естрогенот е збор составен од два дела: „oistros“ – неодоливост, страст и „genes“- предизвикувачки. Односно во буквален превод: Предизвикувач на страст или поедноставно кажано, естрогенот е хормонот на сексуалноста.
Недостатокот од естроген се манифестира со:
- Депресија
- Зголемување на телесната тежина
- Внатрешни топлотни бранови
- Замор
- Ниска самодоверба и негрижа за надворешниот изглед
- Намалување на сексуалната желба и чувствителност
Затоа тој уште е наречен и хормон на младоста. Сè додека жената се чувствува прекрасно и привлечно, возраста нема никакво значење.
Врз основата на горенаведените симптоми невозможно е само да се каже дека тие се резултат на недостаток на овој хормон. Сите индикатори може да сигнализираат за разни други причини. Затоа е потребно, при забележувањето на овие симптоми, да се направи тест и да се утврди хормонскиот баланс или дисбаланс во организамот.
Едно од решението за хормонски дисбаланс е хормонска терапија, но истата понекогаш може да резултира со несакани последици, бидејќи по нејзино долго практикување, сопственото тело на жената, престанува природно да ги произведува хормоните.
По тестирања, откако ќе се утврди дека нивото на естроген е ниско, најдобро е неговиот недостаток да се надополни на природен начин. А тоа најдобро ќе го направите со консумирање на правила исхрана и билки.
Еве кои видови храна содржат најголемо количество естроген
1. Ленено семе
Лененото семе е број еден по количество на растителни хормони т.е хормони со естрогенска активност. Се препорачува лененото семе да се консумира во сомелен вид заедно со голема количина на течност. Максималната доза дневно треба да изнесува вкупно 2 супени лажици.
2. Бобови растенија
Гравот и леќата се исклучително извонредни за здравјето на женското тело. Тие содржат триптофан, кој се преобразува во серотонин, кој пак ја лечи депресијата.
3. Кафе
Научно е докажано дека жените кои консумираат 500 мл кафе дневно, а кои страдале од недостаток од естроген, по консумацијата на ароматичниот напиток, неговото количесто се надоместувало за дури 70%. Воедно, кафето е одличен избор кога станува збор за процесот на слабеење.
4. Кајсии
Од сите плодови, кајсиите имаат највисоко количество на хормонот лигнан. Може да ги консумирате како и да сакате, од свежи до сушени.
5. Естрогенот е застапен и во следните видови храна
- Хмељ
- Корен од женшен
- Камилица
- Липа