Дерматолозите ја нарекуваат најдобрата домашна затегнувачка маска за лице, со која ќе заборавите на стареењето
Нишестето важи за најчудесната состојка која, според дерматолозите, прави вистински чуда со кожата на лицето. Покрај тоа што моќно го затегнува, ги елиминира брчките, истото овозможува и осветлувачки и витамински ефект и притоа го спречува предврменото стареење.
Оваа домашна состојка врвно ја негува кожата, ја спречува нејзината сувост или прекумерениот сјај како резултат на масната кожа, ја прави значително полеастична, а еве како да го употребите и да добиете совршени резултати!
Најдобрата домашна маска за затегнато лице без брчки
Потребни состојки
- 1 домат
- 1 жолчка
- 1 кафена шолја нишесте од компир
- Поливина кафена шолја зејтин
Начин на подготовка и употреба
Отстранете ја кожата од доматот, сомелете ја пулпата и измешајте ја со останатите состојки. Добиената смеса нанесете ја подеднакво врз целото лице, со исклучок на зоната околу очите. Оставете ја чудесната маска да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете ја со топла вода. На крај нанесете потхранувачки крем на вашето лице.