Десерт со 3 слоја, стар 400 години е хит на Интернет – Со раскошен крем и многу чоколадо
Денес со вас споделуваме рецепт за неверојатен десерт, кој за првпат бил направен пред 400 години, а денес повторно е вистински хит! Комбинацијата од овошје, крем и чоколадо е едноставно чудесна!
Десерт со 3 слоја, стар 400 години
Денес со вас споделуваме рецепт за неверојатен десерт, кој за првпат бил направен пред 400 години, а денес повторно е вистински хит! Комбинацијата од овошје, крем и чоколадо е едноставно чудесна!
Servings: 4
Ingredients
За пандишпан
- 30 гр какао
- 70 гр брашно
- 90 гр шеќер
- 3 јајца
- 1 прстофат сол
- 1 кафена лажица пециво
За кремот
- 50-100 гр шеќер во прав
- 250 гр урда
- 300 гр павлака
За глазурата
- 300 гр чоколадо
- 120 гр павлака
За филот
- 2 банани
- 400 гр јагоди
Instructions
За пандишпанот
- Измешајте го брашното со какаото и пецивото, пресејте ја смесата и добро измешајте. Изматете ги јајцата во одделен сад, додадете го шеќерот и матете 4-5 минути со миксер, додека смесата не се зголеми.
- Исипете ја брашнената смеса во неколку пати во смесата со јајцата и добро измешајте до добивање на една хомогена смеса. Исипете го добиеното тесто во сад со димензии 26 х 26 цм и порамнете.
- Претходно згрејте ја рерната до 180°C. Печете околу 20 минути. Проверете со дрвено стапче колку е готово. Потоа извадете го готовиот пандишпан и оставете го да се излади, а по 15 минути исечете го на коцки.
За кремот
- Исипете ја павлаката во длабок сад и добро изматете. Додадете ја урдата и шеќерот во прави и повторно добро измешајте.
За филот
- Измијте ги јагодите, отстранете ги врвовите, исушете и исечете на коцки. Исечете ги бананите на кругови. Може да изберете и сосема друго овошје, по ваш вкус.
Формирање на десертот
- Земете правоаголен сад (27 х 15 цм), поставете малку крем на дното, а потоа од бисквитните коцки. Истите поставете ги на растојание. Покријте со уште крем. Сега одозгора подредете ги бананите и јагодите и повторно покријте со крем.
- Поставете одозгора уште парчиња од пандишпанот и покријте со преостанатиот крем. Поставете го десертот во ладилникот да отстои 1 час, со цел кремот да се затегне.
За глазурата
- Искршете ја чоколадата и додадете ја во тенџере, а потоа внатре додадете ја и павлаката. Може да земете било какво чоколадо, но највкусно е млечно со јаткасти плодови. Поставете ја смесата на водена пареа и растопете. Потоа изладете ја до топла состојба.
- Извадете го десертот од ладилникот и полејте ја глазурата. Поставете го повторно десертот во ладилникот, најдобро да отстои цела ноќ. На крај може да декорирате со овошје, уште чоколадо и јаткасти плодови по ваша желба.