За денес ви го претставуваме рецептот за најдобриот чоколаден десерт од природни состојки, кој се приготвува многу лесно, а е омилен меѓу луѓето во Јужна Америка.

Десерт без шеќер и брашно

За денес ви го претставуваме рецептот за најдобриот чоколаден десерт од природни состојки, кој се приготвува многу лесно, а е омилен меѓу луѓето во Јужна Америка.
Total Time40 minutes
Course: Десерт
Cuisine: Американска
Клучни зборови: чоколаден десерт, чоколаден колач
Servings: 4

Ingredients

  • 4 јајца
  • 2 портокали
  • 200 гр јаткасти плодови (бадеми, лешници, по ваша желба)
  • 200 гр кокос
  • Половина пакетче сода бикарбона

За преливот

  • 100 гр темно чоколадо
  • 200 мл павлака за готвење

Instructions

  • Прво, потопете ги портокалите во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа, поставете ги да се варат 30 минути, додека да омекнат. Сомелете ги во блендер, додадете ги јајцата и сомелените јаткасти плодови и сосема малку сода бикарбона.
  • Мешајте ја смесата во блендер, додека не се соедини добро, а потоа истата поставете ја да се пече 20 минути на 200°C.
  • Загрејте ја павлката за готвење и во неа додадете го и чоколадото, кое за кратко, ќе започне да се растопува. Добиениот прелив нанесете го врз десертот и истиот е веќе готов за консумирање!