Девојка го напуштила градскиот живот и заминала во дивината за да се занимава со оваа чудна професија
Поранешна студентка од Шкотска го напуштила својот факултет и се преселила да живее на далечниот хебридски остров, а прочитајте во продолжение кое бизарно хоби ја натерало на тоа.
20-годишната Чарли Бленс сега живее на островот Рам, национален и природен резерват кој е одалечен 20 милји од Западниот брег на Шкотска.
На островот, младата девојка се преселила се со цел да стане професионален ловец.
„Ми здосади урбаната градска средина и посакав да живеам во дивината!“– рече Чарли
Чарли прво одела во средното училиште во Перт, а потоа се запишала на Универзитетот за политички науки, на колеџот во истиот град.
Сепак, нејзините соништа да стане професионален ловец станале реалност, кога после само 1 година, таа се откажала од факултетот и се запишала на курс за заштита на животната средина на Бордерс колеџот.
Веднаш потоа, таа добила работа како приправник да работи во националниот резерват на островот Рам.
На островот, како дел од обуката и процесто за зачувување на природниот резерват, Чарли била принудена да стане и професионален ловец.
„Луѓето често бурно реагираат и се наредуваат кога ќе слушнат дека убивам елени. Едноставно ве гледаат како бездушен убиец. Но, не е така. Тоа го правиме за доброто на сите животните во резерватот, бидејќи со убивањето на неколку заразени животни, ги спасуваме сите останати“-изјави Чарли.
Дел од работните задачи на поранешната студентка по политички науки, сега се состои во ловењето и усмртувањето на тешко заразените животни, како елените, кои страдаат од неизлечиви болести, а кои доколку не се отстранат од резерватот, сите животните би биле загрозени.
Покрај пукањето, Чарли има за задача да ги отвори убиените животни, да им ги отстрани органите, а потоа да ги однесе во тамошнот складилиште.