Девојка испровоцирана од апсурдното здолниште на еден бренд, го направи истото за 1 евро
Не е првпат брендот да триумфира со неговата „генијалност“, но овој пат се надминаа и самите себе!
Онлајн продавницата за облека „Pretty Little Thing“ (анг. „Мала слатка работа“) доби бројни критики за нивниот најнов урнебесен дизајн- проѕирно здолниште, кое наводно било дел од колекција за облека за фестивал, била наменета за храбрите девојки. Цената? Дури 30 евра.
Додека други во големи наводници потенцирале дека дизајнот е „вистинска инспирација“, дури биле во шок и едноставно не можеле да поверуваат дека вакво нешто навистина се продава.
Но, една млада и уште похрабра девојка, испровоцирана од концептот на кој брендот планира да заработува, отишла чекор подалеку и исмејувајќи го нивниот апсурден дизајн, за само 1 евро и го направила истото здолниште
„Тешко дека ќе ги убедите луѓето да платат 30 евра за вашето здолниште, кога јас штотуку си направив едно за 1 евро“- напишала девојката по име Наташа на својот Твитер профил, при објавувањето на фотографијата.
Веднаш по објавата, Наташа добила бројни позитивн реакции и слатко ги насмеала Интернет корисниците, кои сите се согласиле дека дизајнот на бреднот е и повеќе од апсурден и заслужува вакви критики.
Не е првпат овој бренд да биде критикуван. Претходниот пат, една девојка порачала фустан за својот роденден, а кога го облекла, пријателките ја споредиле со лижавче. За тоа прочитајте повеќе тука.