Девојка која била нарекувана „чудовиште“ можеби ќе стане следната Мис Универзум
20-годишната Евита Патси Едгар Делмундо била често малтретирана од страна на децата кога била дете, но таа и денес е мета на многу навреди. Таа била нарекувана чудовиште поради темно-кафените младежи со влакна низ нејзиното тело, сепак девојката од Малезија решила да им се спротивстави на луѓето кои и се потсмеваат пријавувајќи се на аудиција за Мис Универзум.
„Во основното училиште, никој не сакаше да се дружи со мене. Се сеќавам на учителот кога побара побара две девојчиња да ме придружуваат за време на одмор, и тие шепотеа: Зошто треба да ја третираме како принцеза? Тоа ми го скрши срцето. Им реков дека не мора да ме следат и веднаш заминаа. Во суштина, бев осамена девојка“, вели Евита.
Евита вели дека научила да го прифати своето тело кога се вратила од црковен камп, кога имала 16 години. „Навистина научив како да се сакам себеси и да комуницирам со другите“, вели Евита, која некогаш размислувала да ги отстрани младежите. „Ова беше најверојатно првиот пат кога навистина почнав да прифаќам кој сум и како изгледам“.
Нејзината аудиција за Мис Универзум Малезија беше на 17 јуни, а таа во моментов чека да дознае дали влегла во наредниот круг. Евита не се откажува од натпреварите за убавина и вели дека доколку не успее да се пласира на Мис Универзум ќе се обиде со некој друг натпревар.