Девојка низ урнебесни фотографии ја демнострира вистинската реалност наспроти „совршенството“ што го гледаме на социјалните мрежи
Статистиките покажуваат дека скоро 1 милијарда луѓе ја користат социјалната мрежа Инстаграм, а само 60 милиони од нив секојдневно поставуваат фотографии на истата.
За повеќето луѓе, фотографиите го претставуваат нивното совршено секојдневие, кое сакаат да го споделат со остатокот од светот- патувањата, луксузниот шопинг, добрата храна, носењето совршена облека која не се совпаѓа со реалноста и слично.
Една девојка од Германија, Жералдин Вест ги охрабрува своите следачи да не му веруваат на тоа „совршенство“ и за таа цел, ја покажува вистинската реалност зад тие Инстаграм фотографии.
Нејзиниот креативен проект „Инстаграм наспроти реалноста“ вклучува урнебесни фотографии, во кои сите ние можеме да се пронајдеме: