Девојка отишла да бере овошје во Австралија, а работата ја споредила со ропство- Причината е урнебесна
25-годишната Стефани Банаско, до Мерсејсајд, Англија се пожали на бруталната и постојана работа, на една плантажа во Австралија. Дури ја спореди со ропство, поради „тешките“ услови.
Стефани тврди дека поминала „88 денови како роб“, работејќи на плантажа за овошје, додека ја чекала својата виза за престој во Австралија.
На нејзиниот блог наменет за патувања, девојката напиша:
„Морав да станувам рано наутро, а потоа долги часови да работам, што ментално беше исцрпувачки за мене. Менаџментот на плантажата само те искористуваат и поминуваат неказнети, бидејќи немаш друг излез, тоа ти е единствениот приход моментално“.
Стефани изјави дека наводно и било ветено плаќање од саат, но потоа ја плаќале врз основа на квалитетот на овошјето и како била претпазлива со него.
„Многу фактори ќе влијаат врз тоа како ќе бидеш платен. Квалитетот на овошјето, изгледот на дрвото, па и тоа што нема да му се допаѓаш на менаџерот“- додава Стефани.
Но, набрзо трагичното сценарио на девојката беше разоткриено од претставниците на плантажата, па дури и останатите кои работеле таму.
„На самиот наш сајт се наведени условите за плата и предвреме имаме наведено дека и квалитетот на овошјето ќе биде еден од критериумите. Истовремено, долгите часови кои Стефани тврди дека работела всушност беа вкупно 4 часа на ден.“- изјавија од компанијата.
Изјавата ја потврдија и останатите работници, бидејќи како што велат, немале можност често да го берат овошјето, поради променливото и лошо време, па затоа на плантажите останувале по 4 часа, а потоа се враќале во хотелот каде престојувале.
Стефани дури и наместо „долгите“ 4 часа да ги помине берејќи овошје, таа седела на својот таблет и пишувала на блогот колку е „тешка“ работата.