Џејн Фонда на 82-годишна возраст ги засени младите ѕвезди на Оскарите – Нејзината облека носеше моќна скриена порака
Легендарната Џејн Фонда без сомнеж е заслужено нарекувана светска ѕвезда и неверојатна актерка, а воедно истата беше една од главните теми на овогодинешните Оскари.
Во Недела вечера, 82-годишната актерка ја врачи наградата за најдобар филм, која му припадна на јужнокорејскиот „Паразит“, а притоа Џејн привлече огромно внимание со нејзината модна комбинација.
Причината за ова е што актерката пред извесно време изјави дека повеќе нема никогаш да купува нова облека. Извонредната црвена креација со мониста од Ели Саб, Џејн веќе еднаш ја облече на Канскиот филмски фестивал во 2014-та година.
На сцена актерката излезе носејќи и црвено палто, кое иако на прв поглед делуваше како вишок, сепак истото носеше скриена порака. Кон крајот на минатата година, актерката беше уапсена неколку пати за време на мирните протести во Вашингтон за климатските промени.
Секоја недела на протестите, Џејн ја носеше истата облека, а пред топлата новинари во една прилика изјави: „Го гледате ли ова палто? Сакав нешто црвено и го најдов на распродажба. Ова е последното парче облека што ќе го купам. Кога зборувам на луѓето дека немаме потреба да купуваме, дека немаме потреба од толку многу нови работи, треба и јас истото да го правам и да бидам пример.“