Џенифер Лопез се појави без надоградба на коса и шминка – Како навистина изгледа на 50 години
Џенифер Лопез е синоним за ѕвезден блесок, гламур и луксузен стил. Од неа се инспирираат милион жени ширум светот, а за мажите претставува неостварен сон, без разлика што денес има 50 години. Каде и да се појави, таа привлекува огромно внимание.
Неодамна беше прогласена и за модна икона и сето тоа благодарение на нејзиниот беспрекорен стил. Но, пред некој ден, фотографите успеаја да ја снимат славната ѕвезда како изглегува од нејзиниот стан во Мајами.
Џенифер беше забележана во спортско издание, а притоа се појави и без вообичаената надоградба на коса и без ниту грам шминка. Погледнете во продолжение како изгледа таа во секојдневието, кога е само една обична жена.