Докажан начин за добивање на посакуваната фигура е правилниот начин на исхрана и физичката активност. Но, како во мноштвото диети, да се избере правилната која ќе ни помогне побрзо да ја оствариме целта?

Т.н „Диета од 10 производи“ е вистински избор за оние луѓе кои сакаат да го изгубат вишокот килограми, но не се подготвени да гладуваат. Самото име на диетата кажува дека таа е составена од 10 производи, а колку и како да се комбинираат е по сопствена лична желба.

Правилото е едноставно: Дневниот обем на храна не треба да надминува 1.5 кг.

Диетата се карактеризира со доста протеиниски видови на храна, кои го забрзуваат процесот на слабеење. Притоа, производите се и богати со високи хранливи вредности, кои овозможуваат соодветна дигестија и превенција од опстипација.

Времетраењето на диетата е 7-10 дена, а во таа недела може да изгубите 5-7 килограми.

10 производи кои ја сочинуваат диетата

  1. Јајца
  2. Пилешко месо
  3. Урда
  4. Кисело млеко
  5. Тиквички
  6. Краставици
  7. Домати
  8. Зелка
  9. Јаболка
  10. Портокали

Како дополнителни состојки за подобар вкус се јавуваат и маслото за готвење, зачините, овесните снегулки, лукот и зелениот чај. Строго се забранува консумацијата на алкохолот. Сите зеленчуци од списокот може да се консумираат свежи или варени, а пилешкото месо потребно е да е приготвено во рерна или на скара.

Мени за една недела

Понеделник

Појадок: Омлет со домати и зачини, зелен чај

Ручек: Печени тиквички, 100 гр урда со зеленчуци, 250 мл кисело млеко

Ужина: Јаболка, зелен чај

Вечера: 200 гр печено пилешко месо, салата од домати и краставици со масло за готвење

Вторник

Појадок: 2 варени јајца, 100 гр урда, 200 мл кисело млеко и 1 супена лажица овесни снегулки

Ручек: 200 гр печено пилешко месо, салата од зелка и краставици

Ужина: Јаболка, зелен чај

Вечера: Јаболка и портокали, 200 мл кисело млеко

Среда

Појадок: 2 варени јајца, 100 гр урда, 200 мл кисело млеко и 1 супена лажица ленено или чиа семе

Ручек: 200 гр печено пилешко месо, салата од краставица и домат

Ужина: 100 гр урда, зелен чај

Вечера: Печени зеленчуци со лук и тиквички

Четврток

Појадок: Фритата со домати, зеленчуци и тиквички, зелен чај

Ручек: Варено пилешко месо, печени тиквички со лук

Ужина: 100 гр урда, 200 мл кисело млеко

Вечера: Парче пилешко месо, салата од зелка и краставица

Петок

Појадок: Печени јаболка, 200 гр урда

Ручек: 2 парчиња пилешко месо, пржени тиквички

Ужина: 200 мл кисело млеко со овесни снегулки

Вечера: Салата од домати и краставици, портокали

Сабота

Појадок: 2 варени јајца, 100 гр урда, 200 мл кисело млеко

Ручек: Парче варено пилешко месо, печени тиквички со лук

Ужина: Јаболка, зелен чај

Вечера: Парче пилешко месо, салата од зелка

Недела

Појадок: Урда со зеленчуци, портокал, зелен чај

Ручек: Две парчиња варено пилешко месо, печени тиквички

Ужина: Печени јаболка, 200 мл кисело млеко со овесни снегулки

Вечера: Салата од домати и краставици