Диета од Истокот која буквално „голта“ 6 кг за 1 недела. Како бонус, добивате млада кожа и зајакнат имунитет
Тајландската диета ја стекна својата популарност благодарение на балансираниот режим на исхрана, кој ги содржи сите макро и миркоелементи, кои му се неопходни на нашето тело.
Нејзината ефикасност ја докажуваат тамошните жители, меѓу кои е невозможно да сретнете човек со прекумрена телесна тежина или обичен вишок на килограми. Дополнително, благодарение на овој начин на исхрана, тие може да се пофалат и со долг животен век, кој во просек изнесува 76-80 години.
Тајландска диета
Прв ден
- Појадок: Шолја црно кафе без шеќер
- Ручек: 2 тврдо сварени јајца и печен зеленчук
- Вечера: Риба или морски алги
Втор ден
- Појадок: Шолја црно кафе без шеќер и парче ‘ржан леб
- Ручек: Варена риба и салата од свежа зелка, приготвена со масло за јадење
- Вечера: 200 гр варено говедско месо и нискомаслено кисело млеко
Трет ден
- Појадок: Шолја зелен чај
- Ручек: 1 варено јајце и салата од свежи моркови, приготвени со сок од лимон
- Вечера: Неколку јаболка, во количество по ваш избор
Четврти ден
- Појадок: Шолја кафе без шеќер
- Ручек: Пилешка супа и јаболка
- Вечера: 2 тврдо варени јајца, 200 грама варено говедско месо и салата
Петти ден
- Појадок: Салата од свежи моркови, приготвена со сок од лимон
- Ручек: Варена риба и доматен сок
- Вечера: Варена риба и салата од свежа зелка, приготвена со масло за готвење
Шести ден
- Појадок: Шолја зелен чај без шеќер
- Ручек: 500 гр варено пилешко месо и салата од домати и маслинки
- Вечера: 2 тврдо варени јајца и зеленчуков сок
Седми ден
- Појадок: Зелен чај без шеќер
- Ручек: 200 грама варено говедско месо и свеж ананас
- Вечера: 500 гр варено пилешко месо и морски алги
По само 1 недела од држењето на Тајландската диета, може да ги забележите резултатите, но доколку не сте стасале до посакуваната цел, тогаш може да ја практикувате оваа диета дополнителни 7 дена.
По правило, со овој режим на исхрана се губат по 700-800 грама телесна тежина дневно, што е идеален план за исхрана за оние кои сакаат успешно, брзо и ефкасно да ослабнат.