Диета само за оние со најмногу вишок килограми – Се ослабнува извонредно брзо, без враќање на изгубената тежина
Диетата со мед е уникатен начин за слабеење при кој луѓето може да се насладуваат на благото, а воедно да ја променат нивната фигура за кратко време. Овој режим на исхрана не трае долго, но пак дава извонредни резултати.
Основно се состои од консумирање на мед, кој доколку се консумира во мали количества, ќе ве засити значително, а воедно ќе внесете многу минерали и витамини во вашиот организам.
Диета со мед
Диетата се држи 3 дена, а се прави следното: 2 лажици чист пчелин мед се раствораат во чаша топла вода. Добро се мешаат состојките и се пие. Овој лесен рецепт се прави секој ден. Дневната доза на мед што треба да се консумира не треба да надмине 150 грама, а притоа се пие големо количество на вода.
Само целосно здравите луѓе може да ја практикуваат оваа диета, а покрај напитокот од вода и мед, неопходно е да се пие и билен чај.
Целосно е забрането консумирањето на јаглехидрати, месо, секој вид на тешка храна и млечни производи. По завршувањето на диетата, овие видови на храна постепено може да ги вратите во вашето дневно мени.
Во текот на трите дена од диетата, не се консумира ништо друго освен супи и лесна храна. По неколку дена само на ваков вид на режим, започнете повторно да консумирате месо, но само пилешко.
Пржената храна се ограничува и не треба да ја консумирате 1 месец откако сте ја завршиле диетата.
Следењето на овие правила ќе го спречи враќањето на изгубените вишок килограми и истовремено ќе ја добиете посакуваната фигура. Но, правилата мора да бидат внимателно следени, инаку би било губење на време, без никаков ефект.