Диета со моркови: Ја практикувам 3 дена, а потоа лесно облекувам фустан и сум спремна за секоја пригода
Првично, ова мени не било создадено да биде диета, туку лековит режим за нормализирање на дигестивниот тракт. Но, со текот на времето, по набљудување на пациентите, било забележано дека тие и ефикасно го губат вишокот килограми.
Ова се должи благодарение на богатиот состав на зеленчуците, бројните групи на витамини, микроелементи и фруктозата кои што ги содржи, кои докажано ги прочистуваат цревата од токсини, а доволни се едноставни 3 дена да ја практикувате, за да го добиете посакуваниот ефект.
3-дневно мени за диета со моркови
Ова мени треба да се консумира 3 дена по ред
Појадок: 250 мл нискомаслено млеко
Ужина: Салата од моркови и јаболка
Ручек: Зеленчукова супа од моркови и карфиол
Ужина: Сок од моркови и портокал
Вечера: Сок од моркови
Благодарение на ова мени кое треба да го практикувате 3 дена, ќе успеете да симнете 4 килограми, без штетни последици врз вашето тело, а притоа не заборавајте да пиете многу вода за време на диетата, односно да ги внесувате потребните 2 литри вода дневно.