Диета со суви сливи: Ослабнете 3 килограми за 5 дена на најлесен начин!
Со диета со сливи не само што ќе се ослободите од несаканите килограми, туку ќе го подобрите и имунитетот на организмот! Диетата со суви сливи припаѓа на т.н брза диета и е наменета за сите кои сакаат да изгубат од 2 до 3 кг вишок во краток временски период (за 3 до 5 дена).
Бидејќи сливите се исклучително богати со диетални влакна, не е никакво изненадување што се составен дел од многу популарни и ефикасни диети и дека нитриционистите често ги препорачуваат.
Покрај хранливи влаакна, ова овошје содржи и антиоксиданти (бета-каротин), минерали, витамин Е, Ц и фитохемикалии кои се важни за организамот, поради нивните антиоксидантни својства.
Плодот од слива е исклучително богат со фитонутриенти кои значително го зајакнуваат имунитетот, ги неутрализираат слободните радикали, како и помагаат да ги заштитиме клетките од било каква канцерогена појава.
Пример за мени за еднодневна диета со суви сливи
- Појадок: 6 суви сливи
- Ужина: 1 свежо јаболко
- Ручек: 1 варен колбас и 1 варено јајце
- Ужина: Повторете го ручекот
- Вечера: 1 шолја јогурт со ниска масленост
Треба да се напомене дека оваа диета се препорачува само за лица без здравствени проблеми, затоа не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар пред да започнете да ја применувате.
За да може диетата да биде што е можно поефикасна, пожелна е и физичка активност од 15-20 минути на ден. Оваа брза диета, доколку се придржувате до планот за исхрана, ќе ви помогнат да симнете неколку килограми за 3 до 5 дена!