Диетален коктел за брзо топење на масните наслаги и кој ќе ви помогне да се ослободите од „љубовните рачки“
Овој коктел е наменет за оние ситуации кога сакате брзо да се ослободите од вишокот килограми, бидејќи сите знаеме дека слабеењето може да биде навистина долг процес.
Но, кога практикувате одредена диета, потребни се дополнителни мерки како овој вкусен оброк, за да резултатите ги видите побрзо и истите да бидат целосно ефикасни.
Денес ви откриваме рецепт за моќен коктел за слабеење од кисело млеко и хељда.
Како делува диеталниот коктел
Хељдата го збогатува телото со витамини, минерали, хранливи влакна, нишесте, здрави масти и моносахариди.
Ѓумбирот како дел од напитокот го нормализира количеството на примени хранливи вредности и го подобрува варењето на храната. Го намалува производството на хормонот кој го активира гладот и кој е главен виновник за зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, ѓумбирот содржи неверојатно големо количество на моќни антиоксиданти и минерали.
Киселото млеко ја прочистува цревната микрофлора и ја подобрува функцијата на дигестивниот тракт. Како пробиотик, киселото млеко ги активира сите потребни елементи неопходни за нормализирање на дигестивниот систем и организамот.
Медот го спречува развојот на некои штетни микроорганизми, го потхранува телото со потребната енергија и го чисти организамот од токсини.
Сите овие состојки заедно создаваат неверојатно моќен диетален коктел, кој е супер вкусен, а уште поефикасен.
Рецепт за диеталниот коктел
Потребни состојки
- 1 супена лажица брашно од хељда
- 1 грст сомелен ѓумбир
- 200 мл кисело млеко со масленост до 2.5%
- 1 кафена лажица мед
Начин на подготовка
Измешајте ги сите состојки заедно и складирајте ги во стаклен сад. Добиената смеса потребно е да отстои во ладилникот во текот на една ноќ. А следниот ден, извадете ја смесата од садот и оставете ја да се затопли на собна температура.
На празен стомак, најпрво, консумирајте чаша топла вода со лимон, а по 20 минути, консумирајте го диеталниот коктел. За видливи резултати, потребно е третманот да трае 2 недели.
По 2 недели, потребно е да направите пауза, а да продолжите да се храните здраво.