Диетата на Др.Леме која славните ја обожаваат – Симнуваат и до 15 кг за 1 месец, а еве го неделното мени
Милиони фанови на Формула 1 останаа воодушевени откако беа објавени фотографии од Флавио Бриаторе, видно ослабен, а со тоа дури и изгледа помладо.
Неговата тајна за да изгледа 10 години помладо и 15 килограми да биде послаб се состои во чудесниот метод на италијанскиот доктор Леме, кого славните го обожаваат, токму поради неговата моќни и ефикасни резултати.
Какви се правилата на диетата?
- Забранета е сол – Бидејќи го зголемува задржувањето на течностите.
- Забранети се шеќери – Индустрискиот шеќер го зголемува произведувањето на инсулин, главниот хормон виновен за дебелината.
- Забранет е леб
- Забрането е комбинирањето на тестенини и месо
Што е дозолено?
Дозволен е секаков вид на готвење, вклучувајќи го и пржењето. Храната може да ја зачините со зејтин и секакви зачини. Се препорачува чај и кафе. Спортувањето не е задолжително.
Пример за дневно мени
Прв и втор ден
- Појадок: Парче свинско месо и 1 шолја горко кафе
- Ужина во 10 часот: Лимон
- Ручек: Пилешко месо во количество по ваша желба
- Ужина: Незасладен чај
- Вечера: Риба во количество по ваша желба
Трет и четврт ден
- Појадок: 1 шолја горко кафе, тестенини со зејтин, лук и лута пиперка
- Ужина во 10 часот: Лимон
- Ручек: Пилешко месо во количество по ваша желба
- Ужина: Незасладен чај
- Вечера: Риба туна
Петти и шести ден
- Појадок: Парче телешко месо и 1 шолја горко кафе
- Ужина во 10 часот: Лимон
- Ручек: Пилешко месо
- Ужина: Незасладен чај
- Вечера: Риба во количество по ваша желба
Седми ден
- Појадок: 1 шолја кафе и пржени печурки
- Ужина во 10 часот: Лимон
- Ручек: Пржен кромид
- Ужина: Незасладен чај
- Вечера: Риба