Понекогаш, уметниците се нарекуваат визионери, бидејќи тие можат прецизно да ги замислат и илустрираат своите идеи за светот ва иднината. И иако сè уште е рано да се процени дали Тити Луадтонг ќе стане еден од извонредните футуристи, она што можеме да го направиме сега е да уживаме во неговите дигитални ремек-дела.

Некои од дигиталните скици на тајландскиот уметник изгледаат како корици на научно-фантастични книги, додека други се метафорички симболи на многу живописна имагинација. Некои од нас дури можат да почнат да ги откриваат сопствените чувства за далечната иднина. Ако сте подготвени да откриете нешто ново за светот околу вас и да размислете како може да се развијат работите во иднина, ве покануваме да ги погледнете неверојатните илустрации произлезени од фантазијата на Тити Луадтонг.

За овој автор, интернетот не е само место каде што тој може да го претстави своето дело пред широка публика, туку е и извор на инспирација.


Од време на време, Тити ги користи своите стари фотографии за да создаде нови скици. За него е важно идното дело да биде значајно и да содржи многу детали, раскажувајќи  приказни на публиката. Обично, жанрот на уметничкото дело на Тити ќе се смета за научно-фантастична, хорор или фантазија. Сепак, авторот не се ограничува на некој конкретен жанр. Напротив, скицирањето за него е можност да се почувствува вистинска уметничка слобода.