Директно од модните писти: Мејкап трендови кои ќе бидат хит за Пролет/ Лето 2019-та година
На сцена се и новите трендови за престојните сезони, при кои што особено воодушевуваат мејкап трендовите кои свежно ни доаѓаат најновите модни ревии. Во прилог погледнете што ќе биде во тренд и инспирирајте се за вашето следно шминкање.
Модните писти за пролетта оваа година ги содржат токму овие карактеристики, но шармот лежи и во непридвидливоста, па така на светските сцени, изгледите од аспект на шминката вклучуваа и појавувања на ексцентричните неонски розеви изданија, покрај на усните, невообичаено имавме можност да ги видиме и на трепките, златни и метални одблесоци на усните вракјаќи ја ретро енергијата, но предност им се даваше и на поприродните изгледи и повторувајќи дека едноставноста е крајна форма на софистицираноста.
Еве како оваа пролеттна сезона може да се инспирирате и да бидете во тек со модерното време:
Том Форд
Заслужна за врвната шминка на ревиите на Том Форд е мејкап артистката Дајен Кендал. Овој пат таа за ревијата на Форд инспирирана од 70-те години, создаде златен ‘smokey’ изглед кој се базира на чадот како суптилност и елеганција во уметноста на шминкањето. Тимот одговорен за шминката успеа да се надмине себе си, прецизно блендирајќи ја сенката со тушот, резултирајќи со хипнотизирачки гламур.
Родарте
Мејкап артистот Џејмс Калиардос ја користел линијата на НАРС козметиката за да создаде шарени очи, усни и целосен Родарте поглед. На ревијата акцентот паѓаше на колоритните сенки за очи, розева, жолта или сина, што ја доловија графичката талентираност на самите дизајни, но на еден посуптилен начин.
Џереми Скот
Изгледот се заснива на здебелена густа фолија во неутрални нијанси. “Сјајната метална острина е во согласност со бесмисленоста на младоста”, изјавил мејкап артистот Кабуки додека ги подготвувал футуристичките, но и женствени палети за ревијата на Џереми.
Кејт Спејд
Да и оддадат чест на починатата дизајнерка, моделите на ревијата носеа сјајна златна сенка од светки, нанесени косо преку нивните очни капаци. Усните им беа неутрални, па така целокупниот изглед ја опишуваше работата на самата Кејт, едноставно, женствено, секогаш зашеќерно или акцентирано со светкав сјај.
Брендон Максвел
За ревијата на Максвел, за чија инспирација послужија дамите и девојките од Тексас, моделите како Бела Хадид парадираа носејќи го безвременскиот класичен изглед на ‘мачкино око’, со фино и елегантно нанесен туш, надополнет со чисто малку, нежна розева нијанса на сенка.
Хелеси
Њујоршкиот бренд со идеите за шминка што ги претстави во својата нова пролеттна колекција асоцираше токму на девојките од Њујорк во летниот период: црвени усни, суптилно руменило на образите и минимална шминка, за освежување на очите.
Кристијан Сириано
Романтичниот- ексцентричен дизајнер секогаш изненадува со редефинирање на женствениот изглед. Овој пат на сцена неговите девојки се истакнуваа со свежа нијанса на лимента нанесена во една линија.
Тадаши Соџи
Американско-јапонскиот дизајнер овој пат на неговите ревии инспирација за мејкап изгледите зема од бесконечната галаксија.
Памела Роланд
“Шминка без шминка”, вака гласеше мејкап мотото на ревијата на Памела Роланд. Да се истакне и промовира природниот изглед.
Кусто Барселона
Поранешниот изглед базиран само на сенка повторно се врати на модна писта. Нежна металик сенка и уште понежни усни, моделите зрачеа со софистицираност.
Лонгчемп
Повторно се врати легендарниот и потписен изглед на многу ѕвезди како Жизел Бундхен за Версаче. Неутрални голи усни и зајакнат и дупло затемнет “smokey” изглед.
Џулиен МекДоналд
Повторно враќање во мода на мејкап изгледи што беа хит во минатите времиња. Затемнетa ‘smokey’ техника комбинирана со кобалт-сина сенка и неутрален кармин. Гламурозно и шик.