Дизајн идеи за да го проширите вашиот ходник и да направите да изгледа поголем
Фоајето е простор кој не само што служи како влез во куќата туку функционира и како флуидна врска со останатите простории. Иако, генерално, неговата структура е тесна и долга, со креативност и правилни детали, можете да направите просторот да изгледа поширок.
Сакаме да сподлеиме 5 совети кои можат да ве инспирираат да го искористите максимумот од вашиот ходникот.
1. Користете ја бојата како сојузник.
Тајната за да го направите вашиот ходник попростран е да користите светли бои на ѕидовите и таваните. Тие помагаат светлината да се дистрибуира подобро и даваат чувство на многу поголем простор. Можете да изберете традиционално бело или, ако се чувствувате похрабро, да изберете панели обраснати со цвеќиња кои се во мода во моментов.
2. Направете суптилна поделба.
Визуелната моќ што ја даваат килимите во тесните простори обезбедува доволно боја и дава чувство дека тој дел од куќата го оцртува просторот од ѕид до ѕид.
Украсувањето на еден од ѕидовите со детали, парче мебел што ограничува простор за седење или слики што ја осветлуваат просторијата, исто така може да биде од голема помош за искористување и стилизирање на тој простор.
3. Не се плашете од теписи фо форма на круг.
Изборот на мали модели на теписи во форма на круг ќе му даде уникатен шмек на ходникот.
4. Правилно користете тапет.
2 сојузници кои ќе го направат вашиот ходник привлечно и пространо место се бојата и тапетите. Неутралните бои се најдобра опција доколку изберете да ги обоите и таванот и ѕидовите во иста боја. Напротив, користењето темни тонови ќе го претвори вашиот ходник во пештера.
5. Избегнувајте многу декорации.
Направете го вашиот ходник привлечно место со функционални украси. Нека оваа област стане удобно и привлечно место со правилно искористен простор. Послужавник за оставање на клучевите и маса на која се става поштата се и функционални и естетски нешта што може да ги додадете.