Доаѓањето на невестата во новиот дом, за некои членови од семејството е вистински предизвик: Еве што направила оваа итра снаа по тој повод
Стапувањето во брак и доаѓањето на снаата во домот на сопругот, за одредени членови на семејството може да биде вистински предизвик, а за други пак, вистинска радост.
Во продолжение, ви претставуваме еден забавен текст кој раскажува како снаата се обратила до свекрвата и целото семејство, по повод нејзиното доаѓање во домот.
Невестата била пречекана на традиционален начин во домот на нејзиниот сопруг. Нејзиното ново семејство посакало, снаата да одржи краток говор по повод живеењето во новиот дом.
„Мое сакано семејство, ви благодарам што така прекрасно ме поканивте во својот дом. Пред сè, сакам да знаете, дека со моето присуство јас не сакам да предизвикам да се чувствувате непријатно и неудобно и поради мене да ги менувате вашите навики и обичаи“- рекла снаата.
„Што сакаш да кажеш со тоа, невесто?“- зачудено прашала свекрвата.
„Тоа што сакам да го кажам, е оние кои до вчера си ги миеле садовите, можат слободно да продолжат со својата работа. Оние кои ја переле облеката, нека си продолжат со својата работа. Тие кои готват, не треба да ги менуваат навиките поради мене. И оние кои ја чистат куќата, исто така треба да си продолжат со својата работа.
Што се однесува до мене, јас сум овде само да го забавувам вашот син“- одговорила итрата снаа