Рецептот за палачинки вообичаено вклучува јајца, пресно млеко и брашно. Но, денес ви откриваме и која друга домашна состојка може да ја додадете, за крајниот резултат да биде невеорјатно совршен!

Кадифено меки палачинки

Потребни состојки

  • 500 мл пресно млеко
  • 200 гр брашно
  • 2 јајца
  • 2 супени лажици сончогледово масло
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • Прстофат сол
  • Ванила по ваш вкус

Начин на подготовка

Во длабок сад измешајте ги јајцата, млекото, брашното и маслото. Добро измешајте ги состојките, а потоа додадете ги шеќерот, содата бикарбона, солта и ванилата. Измешајте го сето заедно со мискер и оставете ја смесата да отстои половина час.

Премачкајте ја тавата со масло и поставете ја да се загрева на среден оган. Испечете ги палачинките и од двете страни, додека да ја добијат потребната златна боја, а потоа поставете ги на куп во една чинија.

Ова е целата тајна- додавањето на сода бикарбона во класичниот рецепт за палачинки, при што на овој начин, тие ќе станат неверојатно меки и вкусни!

Пријатен апетит!