„Додека бев кај забарката, таа ми ги откри 3-те најдобри домашни води за здрави заби и свеж здив, за да ја посетувам поретко“
Прекрасната насмевка значи здрави заби и свеж здив. Но, за оваа цел, едно обично миење на забите не е доволно и потребно е да се внимава на храната и уште подетално на оралната хигиена.
Денес ви откриваме како во домашни услови, на 3 ефикасни начини да го одржите здравјето на важите заби и во секој момент да имате блескава насмевка со свеж здив.
1. Физиолошки раствор
Измешајте 1 кафена лажица сол со 1 шолја вода за пиење, притоа оставајќи ја солта целосно да се раствори во водата. Поставете малку од добиениот раствор во вашата уста и добро исплакнете, без да го голтате растворот. Истиот ефикасно ќе ги исчисти вашите заби и е одлична алтернатива на класичната паста.
2. Оцет
Ова средство најдобро е да се користи по миењето на забите или по оброците. Измешајте 2 супени лажици оцет во чаша вода, а потоа исплакнете ја вашата уста. Растворот ја прочистува усната празнина од бактерии, го освежува здивот и помага за избелување на забите.
3. Сода бикарбона
Додадете 1 кафена лажица сода бикарбона и 1 капка масло од мента во чаша вода. Добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа по миењето на забите, со добиениот раствор, исплакнете ја вашата уста. Благодарение на содата, ќе се збогувате со пожолтувањето на забите, а ментата ќе ви го даде посакуваниот свеж здив.