Добра идеја или сепак не?

24-годишниот Киеран Робертс, од Бирмингем, Англија, реши на свадбата на неговата сестра, да ја запроси својата дологодишна девојка, Ники.

Киеран, за време на свадбениот настан, клекна на колено и го постави судбоносното прашање на неговата девојка, Ники Таберер, по кратко време откако неговата сестра Џесика стапи во брак со нејзиниот партнер, Ден Хју.

Емотивните фотографии покажуваат како невестата во моментот на фрлањето на букетот, наместо да го фрли истиот, се свртува и го подарува на 30-годишната Ники.

Потоа фаќајќи ја за рака, ја одведе до Киеран, кој пак, клекна и ја запроси.

Иако на многумина ова не им се допадна, велејќи дека воопшто не е во ред Киеран да го одземе вниманието од сестра си, за време на нејзиниот голем ден, сепак Џесика тврди дека сето тоа всушност било нејзина идеја.

„Ние како семејство сме премногу блиски и премногу ми е драго што запросувањето беше дел од нашата свадба. Свадбените церемонии и така се наменети за семејните мигови, иако постојано ми велеа дека тоа е лоша идеја, бидејќи свадбениот ден бил мој ден. Па, токму така, тоа е мој ден и јас одлучувам што ќе се направи!“– изјавила пресреќната сестра

Идната невеста Ники, пак, вели дека за Киеран одлучувачки момент тие двајца да стапат во брак не била свадбата на неговата сестра, туку еден немил настан. Односно, минатата година, кога Ники била во 12-та недела од бременоста, го загубила бебето и тогаш Киеран на сите раскажал дека ќе се омажи за оваа девојка, бидејќи таа е љубовта на неговиот живот.

За идните младенци, среќата е двојна, бидејќи Ники повторно е бремена.