Секој ужива во носењето убава облека. Но, понекогаш, без да сакаме, се наоѓаме во ситуација кога ненамерно сме ја извалкале облеката, а нанесените масни дамки се вистинска невозможна мисија за отстранување.

Кога машината за алишта не е доволно моќна да се справи со овие дамки, тогаш време е да ја преземете работата во ваши раце.

Токму за оваа цел, денес ви откриваме докажан домашен метод, благодарение на кој за само неколку секунди ќе успеете да ги отстраните масните дамки од вашата омилена облека.

Отстранување на масни дамки со бензин

Бенизинот е ограничен растворувач, кој ефикасно и брзо ги отстранува масните дамки. За да го исчистите валканиот дел, употребете парче чиста крпа, на која е потребно да нанесете бензин.

Истиот внимателно нанесете го на облеката и оставете да отстои.