Доколку често се будите со бела наслага на јазикот и лош здив, еве што задолжително треба да знаете
На секој од нас му се случило- јазик со бела наслага одозгора и непријатен здив, особено во утринските часови. Доколку често се соочувате со ваква појава, постојат некои работи кои задолжително треба да ги знаете.
Ваквата појава се манифестира веднаш откако ќе се разбудиме, а може да биде резултат на стомачни проблеми, присуство на кандидијаза, но и бројни други причини.
Јазикот е еден од показателите, за тоа колку и во каква состојба е здравјето на човекот. Вообичаено има розева боја и нежна текстура со еднаква површина. Секакви промени на јазикот може да бидат знак дека вашето здравје е нарушено, а тоа може да се должи на различни здравствени проблеми во организамот.
Лесниот бел слој кој се формира на површината на јазикот, може да биде индикатор за алергични реакции, анемија, проблеми со дигестивниот систем.
Белата наслага вообичаено е пропратена со непријатен лош здив, а понекогаш може да се манифестира и со јадеж, како и друга форма на непријатно чувство.
Најчестите причини за бела боја на јазикот
1. Воспаление на стомакот
Доколку е нарушена функцијата на вашиот дигестивен систем, тогаш тоа може да започне да влијае и на останатите органи од телото, меѓу кои и јазикот. Кога настануваат промени во цревната флора, тоа може да доведе до промени во бојата на самиот јазик, а истовремено да резултира и со непријатен здив. Еден од изворите на стомачните проблеми може да биде храната или хигиената во кујната.
2. Пушење цигари и консумирање алкохол
Овие штетни навики ја намалуваат бактериската флора, која е одоговорна за одржувањето на неопходниот баланс во организамот. Алкхолот не влијае само на црниот дроб, туку и на функцијата на дигестивниот систем. Како резултат на тоа, ова може да биде една од причините поради која јазикот се здобил со бела наслага и непријатен мирис во усната празнина.
Најдобрите природни средства за отстранување на белата наслага и лошиот здив
1. Морска сол
Морската сол е одлично средство за избелување на забите и прочистување на јазикот. Таа брзо и ефикасно ги отстранува мртвите клетки и претставува природен ексфолијант, кој може да ги убие сите бактерии, кои може да бидат причината за проблемите со јазикот.
2. Пробиотици и пребиотици
Тие се лековити и корисни не само за стомакот и цревата, туку и домашно средство за решавање на бројни здравствени проблеми. Тие можат успешно да се справат со миркобите и габите и лесно да го решат проблемот со белата јазична наслага.
3. Сода бикарбона
Содата ја остранува непријатната миризба и белата наслага, а притоа е корисна за одржувањето на нивото на pH вредноста во усната празнина. Едноставно можете кога ќе се соочите со бела наслага на јазикот, да ја исплакнете вашата уста со раствор од сода и вода.
4. Сок од алое вера
Алое верата има лековити и антивоспалителни својства и е одлична алтернатива за решавање на оралните проблеми. Таа исто така ефикасно ги отстранува бактериите, кои се причината за белата боја и непријатниот здив во устата.
Третманот е едноставен: Додадете сок од алое во чаша топла вода и направете гаргара со растворот.